Адолесценцијата е специфичен развоен период во кој постојат социјални и когнитивно развојни предуслови за појава на вулнерабилност за ризични и импулсивни однесувања, и појава на афективни пореметувања, како што е депресијата. Прегледот на литературата и референтните истражувања покажува дека традиционалните невробиолошки и когнитивните објаснувања за однесувањето на адолесцентите не успеале да ги објаснат нелинерните промени во однесувањето набљудувани во адолесценција, кои се поврзани со детството и возрасниот период. Направивме приказ на референтни истражувања од imaging студии со магнетна резонанца (MRI), дифузија тензор imaging (DTI) студии, функционални (fMRI) студии на развојот на човечкиот мозок и однесувањето, neuroimaging студиите и депресијата во адолесценција, со цел да ги објаснеме: нелинерните промени во однесувањето набљудувани во адолесценција, како и неуралните механизми кои се одговорни за тие промени; индивидуалните разлики при оптималното донесување на одлуки и во однесувањето. Наодите од овие студии сугерираат дека за време на адолесценција, за разлика од детството и возрасниот период, постои диференцијален развој на лимбичкиот систем од „ дното према нагоре “(bottom-up), имплициран во мотивационите и емоционалните процеси, па сé до „од врвот према надолу“ (top-down) контролен систем. Овие развојни обрасци можат да бидат поттикнати кај адолесцентите кои се посклони кон емоционална респонсивност, зголемувајќи ја веројатноста за појавување на ризични и импулсивни исходи. Ја нагласивме потребата од нови лонгитудинални neuroimaging студии, кои ќе ја земат предвид развојната димензија. Клучни зборови: neuroimaging; импулсивно; ризично однесување; депресија; адолесценција.