Последните години, истражувањето на развојот на мозокот кај адолесцентите воглавно се базира на neuroimaging методологијата.Во овој прегледен труд се обидовме да укажеме на важноста на neuroimaging методологијата во проучувањето на развојот на мозокот кај адолесцентите. Покрај тоа што neuroimaging студиите не можат во детали да ги опишат карактеристиките на механизмите на развој, сепак можат преку промената на волуменот и структурите на мозочните регии, преку модификација и проекција „до и од“ мозочните регии за време на созревањето, да сугерираат за пофините промени и подесувања во системот на развој. Клучни зборови: neuroimaging; методологија; развој; мозок; адолесценти.